Хроника
Брачна двојка од Велес лишена од слобода по семејно насилство и закани
Полициски службеници од СВР Велес синоќа, околу 00:45 часот, ги лишиле од слобода 52-годишниот Г.Е. и неговата 49-годишна сопруга М.Е., двајцата од Велес, по пријава за семејно насилство.
Според информациите од СВР Велес, по кратка расправија во семејниот дом, Г.Е. физички ја нападнал сопругата, по што таа му возвратила со дрвен предмет.
Потоа, Г.Е. ѝ упатил закани со остар предмет и се заканувал дека ќе ја запали куќата со плинска боца, но бил спречен во намерата. Остриот предмет бил пронајден и одземен од полицијата.
По извршените проверки било утврдено дека Г.Е. бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 0,56 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица.
За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес. Од СВР Велес информираат дека по целосното расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
август 14, 2026
