Регион
Вучевиќ: Помалку од 100 дена до изборите
Претседателот на вјадејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека верува оти Србија е на помалку од 100 дена од изборите и ги повика сите политички актери да се подготват за изборите и да ги прифатат резултатите.
Вучевиќ изјави за РТС дека сите учесници на изборите треба да дадат одговорна изјава дека ќе ја прифатат волјата на граѓаните.
Тој додаде дека сите оние кои имаат намера да учествуваат на изборите треба да се подготват и изборниот процес да се прифати како начин граѓаните слободно да ја изразат својата волја.
Во врска со случајот на Ненад Рашковиќ од селото Дрен во близина на Зубин Поток во Косово, Вучевиќ оцени дека тоа не е изолиран инцидент и дека моменталната ситуација во Косово го покажува „вистинското лице на Албин Курти и албанскиот режим“.
август 13, 2026
