Connect with us

Свет

Иран: Ормуската Теснина останува блокирана, спротивно тврдењата на Трамп

Иран го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД воспоставиле „целосна контрола“ врз Ормуската Теснина, оценувајќи дека стратешкиот поморски коридор и натаму е блокиран.

Иранската служба за контрола на поморскиот сообраќај во Персискиот Залив преку платформата „Икс“ соопшти дека повторените изјави на американски претставници за укинување на блокадата не ја менуваат состојбата на терен.

Од Техеран порачаа дека Ормуската Теснина нема да биде повторно отворена додека не бидат прифатени условите на Иран. Во меѓувреме, САД тврдат дека имаат воена контрола врз преминот, што укажува на спротивставени ставови за фактичката состојба со пловидбата.

Ормуската Теснина е еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на енергенси, па продолжувањето на ограничувањата претставува значаен ризик за меѓународниот транспорт и енергетските пазари.