Хроника
Лишен од слобода жител од Гевгелиско, возел со 2,58 промили алкохол во крвта
Четириесет и двегодишен жител на гевгелиското село Богородица утрово во 4.08 часот бил лишен од слобода од полицијата и ќе му биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило”.
Како што соопшти МВР, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го привеле И.Р. при контрола во патниот сообраќај. Тие сопреле патничко возило „ситроен“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал И.Р., и по извршеното мерење со дрегер е утврдено дека возел со 2,58 промили алкохол во организмот.
-Возилото е одземено, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, наведува МВР во дневниот билтен.
август 13, 2026
