Свет
Шеесет лица загинаа во рација за кражба на добиток во Јужен Судан
Шеесет лица загинаа, а околу 50 се повредени кога вооружени крадци на добиток нападнаа два кампа за сточарство во сојузната држава Варап во Јужен Судан, соопштија денеска регионалните власти.
Портпаролот на Министерството за информации ја опиша рацијата, која се случила во неделата, како чин на бесмислено насилство.
Јужен Судан има долга историја на насилство и граѓанска војна, со тензии кои се појавуваат помеѓу различни етнички групи, честопати поради кражба на добиток.
Многу заедници во Јужен Судан зависат од одгледување и чување добиток. Големината на стадото се смета за мерило за богатството на сопственикот, пренесе ДПА.
август 12, 2026
