Connect with us

Скопје

Наплатниот пункт на ЈП „Водовод и канализација“ во Шуто Оризари повторно во функција

Пунктот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје во општина Шуто Оризари е повторно ставен во функција, соопштија денеска од јавното претпријатие.

– Во насока на поголема достапност и олеснување на услугите за граѓаните, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје повторно го стави во функција наплатниот пункт во општина Шуто Оризари, со што жителите на општината добиваат полесен и поефикасен пристап до услугите за наплата. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на пунктот – пишува во соопштението.

Се додава дека наплатниот пункт е лоциран во приземјето на општинската зграда и е достапен за корисниците секој работен ден од 8 до 15 часот.

– ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје продолжува со унапредување на услугите и нивно доближување до граѓаните, со цел поголема достапност и ефикасност за сите корисници – нагласија од јавното претпријатие