Connect with us

Хроника

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, лишени од слобода три лица

Полицијата во Штип лишила од слобода три лица во рамки на акција за сузбивање на недозволена трговија со дрога. При преземените мерки биле пронајдени марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага, нож и други предмети.

Како што соопштија од МВР, на 8 август, околу 22:00 часот, на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнале М.Б. и М.Џ.У. (24), државјани на Турција со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на Ф.Р. (23) од Штип.

Притоа, од слобода е лишен Ф.Р. и кај него е пронајдена марихана, додека, М.Б. и М.Џ.У. побегнале, но набргу М.Џ.У. е фатен и лишен од слобода и кај него се пронајдени марихуана и нож.

По известување на јавен обвинител и судија на претходна постапка, полициски службеници извршиле проверка во домот на М.Б., каде што ја затекнале А.Б. (21), исто така државјанка на Турција со привремен престој во Штип. При прегледот биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага.

М.Џ.У., А.Б. и Ф.Р. биле задржани во полициска станица и вчера (9 август) со судска наредба, бил извршен претрес во домот во кој престојувала А.Б. во Штип, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, пари во различни валути и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Во врска со настанот поднесена е кривична пријава, а на лицата М.Џ.У. и А.Б. им е одредена мерка притвор.