Connect with us

Вести

Николоски од Ѓорче Петров и Волково: Вечна слава на хероите од Љуботенски Бачила

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска беше дел од владината делегација која положи свежо цвеќе во Ѓорче Петров и во Волково, како дел од одбележувањето на 25-годишнината од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила.

“Денес се одбележуваат 25 години од масакрот кај Љуботенски бачила каде загинаа осум македонски бранители.

Како делегација на Владата во Ѓорче Петров положивме свежо цвеќе пред спомен обележјето на Томислав Настевски Бумбар и во Волково пред спомен обележјето во чест на загинатите бранители Ивица Златевски – Цуци, Томе Димовски, Раде Јанковски, Томислав Настески – Бумбар, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски кои трагично ги изгубија своите животи пред 25 години.

Слава им на хероите”, напиша Николоски на својот фејсбук стaтус