Регион
Вучиќ: Избори за најмногу три месеци, идната година Србија ќе биде прва по стапка на раст на БДП
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека идната година со стапка на раст на БДП од 4,5 проценти Србија ќе биде „убедливо прва во Европа“ и дека вонредни избори ќе се одржат за најмногу три месеци.
За време на политички состанок во населбата Белегис во општината Стара Пазова, тој рече дека во првата половина од годината, Србија имала највисока стапка на економски раст на континентот, според официјалните податоци на Евростат, и дека тоа е „предуслов за раст на платите и пензиите“. Вучиќ исто така рече дека изборите ќе се одржат во Србија „најдоцна за три месеци“ и дека на нив „ќе се одлучува за „иднината на Србија“.
Посочи дека Србија и натаму е единствената земја што не вовела санкции кон Русија, а во исто време има добри односи и со Киев и со Москва.
– Србија мора да биде воено неутрална и силна… За силна армија, потребно е Србија да изгради фабрика за беспилотни летала со Израел. А со кого друг треба да ги произведуваме тие беспилотни летала? Кој е подобар од нив? И ако се произведуваат во Србија, тие ќе бидат наши беспилотни летала – додаде Вучиќ.
август 10, 2026
