Вести
Корча плус: Пустец заборавен, се соочува со недостаток на инвестиции во инфраструктурата
Жителите на Општина Пустец продолжуваат да се соочуваат со недостиг на инвестиции во инфраструктура, сметајќи ја состојбата на патиштата како еден од најголемите проблеми што го попречуваат економскиот и туристичкиот развој на областа Мала Преспа, констатира Корча плус во написот „Пустец заборавен, патиштата катастрофа“.
Според истиот извор и покрај извонредниот природен потенцијал што го нуди Националниот парк „Преспа“, многу патни сегменти остануваат амортизирани, што го отежнуваат движењето на жителите и посетителите.
„Според жителите, низ годините се презентирани бројни проекти и се споменуваат значителни средства, вклучувајќи поддршка од меѓународни партнери, вклучувајќи проекти финансирани од Германија за заштита на животната средина и одржлив развој на регионот. Но, нагласуваат дека влијанието на овие инвестиции врз подобрувањето на секојдневниот живот е ограничено, стои во написот.

Пустец, сместен во срцето на Националниот парк Преспа, се смета за една од областите со најголем потенцијал за природен и културен туризам на југоистокот од земјата, се наведува понатаму и се додава дека „сепак, недостатокот на квалитетни патишта, јавни инвестиции и придружна инфраструктура, продолжува да биде сериозна пречка за развојот на областа“.
Жителите бараат транспарентност за средствата инвестирани низ годините и конкретен план за рехабилитација на патиштата, нагласувајќи дека развојот на Преспа не може да остане само во документи и проекти, туку мора да се одрази во опипливи инвестиции за локалната заедница
август 10, 2026
