Свет
Американски суд ја блокираше изградбата балската сала во Белата куќа: Случајот оди пред Врховниот суд
Федерален апелациски суд во САД денеска го блокира планот на американскиот претседател Доналд Трамп за изградба на голема нова балска сала во Белата куќа, отворајќи можност правниот спор да заврши пред Врховниот суд на САД.
Апелацискиот суд за округот Колумбија донесе одлука со два гласа „за“ и еден „против“, прифаќајќи ги аргументите на водечката американска организација за заштита на историското наследство.
– Секој претседател е привремен станар, а не сопственик на Белата куќа и нејзината извршна резиденција. Претседателот нема – ниту тврди дека има – уставно доделени овластувања над тој имот, кој е проектиран и се одржува за користење од сите претседатели, сегашни и идни, како и за американскиот народ, се наведува во судската одлука.
Судот оцени дека Националниот фонд за заштита на историското наследство изнел убедливи аргументи дека Конгресот не ѝ дал неограничени овластувања на извршната власт драстично да ја редизајнира, преобликува и реконструира Белата куќа – „Куќата на народот“ – според желбите на одреден претседател.
Одлуката на судот е објавена без потпис на авторот.
Апелацискиот суд истовремено го одложи стапувањето во сила на својата одлука за две недели, со што на Трамп му остави можност да поднесе жалба до Врховниот суд на САД.
август 10, 2026
