Connect with us

Регион

Во Албанија за 24 часа се регистрирани 30 пожари, осум се уште се активни

Во текот на последните 24 часа, во Албанија регистрани се 30 пожари, од кои осум се сè уште активни, објави Министерството за одбрана.

„Во гаснењето на пожарите се ангажирани 54 противпожарни возила и 502 оперативни сили, во координација со Националната агенција за цивилна заштита, префектурите, единиците на локалната самоуправа и вооружените сили. Во поддршка на операциите вклучени се и 110 припадници на вооружените сили, три хеликоптери и авион „Ер Трактор“, наведува МО.

Операциите за гаснење продолжуваат во Дајти, каде засега нема опасност за станбени области, во Приска и Чакалеш, исто така без опасност за заедницата.

Во Рибан, Нграчан и Панахор, во општина Малакастер, каде пламените јазици беснеа неколку дена, противпожарните операции продолжуваат на тежок терен. Во регионот Елбасан, продолжува работата на пожарите во Шќипоња, Дарда и Мјеке. Во пожарот во Поцеста, околија Пешкопеја опожарени се возила на паркинг на користени возила.

Во Кострен 2, во општина Берат, интервенцијата за гаснење на повторно активираниот пожар продолжува, со ангажирање на противпожарни сили и возила. Во Драч, од запален отпад во контејнер опожарени се неколку паркирани возила.

Националната агенција за цивилна заштита и структурите на системот за цивилна заштита продолжуваат да ја следат ситуацијата и да ги координираат интервенциите низ целата територија, повторувајќи го апелот за внимателснот и совесност.

Од крајот на јули пожарите зачестија, на територијата на земјата регистрирани се над 300 пожари.