Регион
Во првите шест месеци околу 14,6 милиони обиди за кибер напади против Албанија
Во првите шест месеци од годинава, регистрирани се над 14,6 милиони обиди за кибер напади врз информациските инфраструктури во Албанија.
Според податоците од Националниот агенција за кибер безбедност (АКСК), во периодот јануари-јуни регистрирани се 14.628.595 обиди за напад, што е околу 56,4 обиди секоја минута.
Од вкупниот број идентификувани напади, 54 отсто биле насочени кон важни информациски инфраструктури, додека 46 проценти кон критични информациски инфраструктури.
– Обидите за кибер упади влијаеја на различни сектори, вклучувајќи го финансискиот систем, јавната администрација, дигиталната инфраструктура, енергетскиот сектор и други области важни за функционирањето на земјата, наведува АКСК.
Агенцијата нагласува дека продолжува континуирано да ги следи таквите закани и да ги зајакнува заштитните мерки, со цел зголемување на безбедноста и стабилноста на информациските системи во Албанија.
август 5, 2026
