Connect with us

Регион

Бугарската гранична полиција евакуира патници од заринкан брод на Дунав

Бугарската гранична полиција вчера евакуира 186 патници од крузерот „Викинг Улур“, кој заринка кај романското место Салција поради нискиот водостој на Дунав.

Бродот, кој пловеше под знаме на Швајцарија, требало да пристигне во бугарскиот град Видин за да ги надополни резервите за храна и вода.

По евакуацијата на патниците, на бродот останале 52 члена на екипажот.

Бродот во понеделникот исплови од романскиот град Дробета-Турну Северин кон Видин, но заринка поради нискиот водостој на Дунав.

Нивото на реката е исклучително ниско, а протокот на Дунав е речиси 1.600 кубни метри во секунда, поради што бродот не можеше да го продолжи своето патување.