Регион
Хаџиу ја закажа конститутивната седница на Собранието на Косово на 6 август
Вршителката на должност претседателка на Косово, Аљбуљена Хаџиу ја закажа конститутивната седница на парламентот на 6 август.
Таа наведе дека седницата за конституирање на парламентот е закажана пред истекот на законскиот рок, што истекува на 7 август.
– Со оглед на тоа што уставните рокови за избор на претседател на Косово почнуваат да течат дури по конституирањето на Собранието, решив да не ја свикувам седницата набрзина, туку да го искористам рокот дозволен со Уставот, за да им оставам на политичките партии потребниот простор за дијалог и градење консензус, наведе Хаџиу.
јули 25, 2026
