Connect with us

Регион

Маж со нож повредил двајца туристи пред влезот на Акропол во Атина

Двајца американски туристи се повредени, откако непознато лице ги нападнало со нож во близина на влезот на Акропол во Атина, а сторителот е уапсен, јави дописничката на МИА од Атина.

Нападот се случил кусо по 8 часот утрово пред билетарницата за влез на Акропол, според првичните неофицијални информации, повредени се маж и жена од САД, мажот е посериозно, а жената полесно повредена.

Според истите информации сторителот е со психолошки проблеми, без причина ги нападнал туристите, а по интервенција на полицијата веднаш беше совладан и уапсен.

Туристите со возило на брза помош биле пренесени во болница.

Ad
Ad