Свет
Британскиот премиер Барнам разговараше со Трамп, ја потврди поддршката за безбедноста на Ормуската Теснина
Новиот британски премиер Енди Барнам во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп ја потврди посветеноста на Обединетото Кралство кон одбраната и безбедноста, како и поддршката за безбедно отворање на Ормуската Теснина и решавање на пошироката криза на Блискиот Исток, соопшти кабинетот на британскиот премиер.
Според соопштението од кабинетот на премиерот на „Даунинг стрит 10“, Барнам нагласил дека безбедноста на Велика Британија и нејзините сојузници ќе биде меѓу главните приоритети на неговата Влада.
– Премиерот ја истакна својата посветеност на одбраната и безбедноста и порача дека безбедноста на Велика Британија и нејзините партнери е на врвот на неговата агенда – изјави портпаролот на кабинетот.
Разговорот се одржа кратко откако поранешниот градоначалник на Манчестер официјално ја презеде премиерската функција.
Според соопштението, Трамп го информирал Барнам за актуелната состојба на Блискиот Исток, по што британскиот премиер ја потврдил заложбата на Обединетото Кралство за обезбедување непречена и безбедна пловидба низ Ормуската Теснина.
– Премиерот ја истакна посветеноста на Обединетото Кралство за обезбедување безбедно движење на бродовите низ Ормуската Теснина, со цел да се поддржат глобалните синџири на снабдување и да се намалат трошоците за компаниите и британските домаќинства, додаде портпаролот.
јули 21, 2026

