Connect with us

Регион

Во првата половина од годинава 24 албански полицајци отпуштени од работа, 232 упатени во Обвинителството, поради кривични дела

Агенцијата за надзор на работата на албанската полиција (АМП) објави дека во првата половина од годинава, 24 полицајци биле отпуштени од редовите на државната полиција, додека до Обвинителството за разни кривични дела се упатени досиејата за 232 полицајци и двајца  вработени во Националната гарда.

-Во текот на првата половина од годинава, 9 полицајци, еден службеник од гардата и еден вработен во противпожарната и спасувачка служба беа уапсени на самото место на извршување на кривичното дело, стои во извештајот на Агенцијата.

Друг елемент што се издвојува во извештајот е големиот број на поплаки, но дел од нив се покажале како неосновани. Според агенцијата, во периодот јануари-јуни, биле обработени 752 поплаки, при што во 251 случај не можело да се докаже поднесеното тврдење.

Од сите обработени жалби, наведува AMП во статистичкиот извештај,  во 15 случаи се регистрирани кривични постапки, додека истрагите за останатите продолжиле според законските процедури.

Ad
Ad