Архива
Францускиот репрезентативец поради повреда ќе паузира неколку месеци
Репрезентативецот на Франција и член на премиерлигашот Арсенал Вилијам Салиба ќе мора да паузира неколку месеци. Според француски Л“ Екип тој има повреда на грбот и паузата би требало да биде до крајот на календарската година.
Салиба полуфиналето со Шпанија на Светското првенство го заврши предвреме односно во 30.минута беше заменет.
Ако прогнозите за паузата бидат точни (4-5 месеци), тогаш Арсенал ќе биде принуден да бара решение за неговата позиција, иако британските медиуми сметаат дека менаџерот на Арсенал, Микел Артета ќе му даде шанса на Кристијан Москера, младиот шпански играч, кој минатото лето дојде во клубот.
јули 17, 2026


