Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити во обид да купи репрезентативец на Сенегал

Репрезентативецот на Сенегал Ибрахим Мбаје е на мета на Манчестер Сити. Премиерлигашот се вклучува во трка за талентот на ПСЖ, а интерес за него веќе покажаа и Астон Вила и Тотенхем. За Сенегал играчот одигра 15 натпревари и постигна четири голови. 

За Мбаје интерес има од од бундеслигашите Ред Бул Лајпциг и Борусија Дортмунд. Овие два клуба важат како одлични за развој на млади играчи, а сенегалскиот репрезентативец има 18 години.

Мбаје не е задоволен од статусот во неговиот клуб ПСЖ и можно е по завршувањето на Светското првенство да направи трансфер во Англија или Германија.

Ad
Ad