Connect with us

Фудбал

Положани: Фокусот е на утрешниот натпревар

Македонскиот претставник во УЕФА Конференциската лига Шкендија Тетово утре во Скопје го игра реванш дуелот со Европа од Гибралтар, а по првиот дуел одигран на гостински терен има предност од 5:0. Сепак во редовите на тетовчани истакнуваат дека треба да се игра на високо ниво и реваншот и да се надградува формата за следните европски натпревари.

–  Резултатот од првиот дуел е добар, но тоа не значи дека треба сега да сме опуштени. Треба да достигнеме ниво како за следните натпревари кои не очекуваат во Европа. Не размислуваме за следната фаза, фокусот е на следниот натпревар – утре, притоа не смее да има грешки, изјави на прес конференцијата тренерот на Шкендија Артим Положани.

Натпреварот меѓу Шкендија Тетово и Европа од Гибралтар се игра утревечер на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 20 часот. 

Ad
Ad