Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Спортот е приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, инвестирани над 21 милион евра во спротски проекти

За само две години, во спортот Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложи над 21 милион евра. Реализирани се и започнати 60 капитални спортски проекти. Се инвестира во нови спортски сали, базени, атлетски патеки, се реконструираат стадиони, мултифункционални игралишта и се создаваат подобри услови за илјадници спортисти низ целата држава, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Се градат нови спортски сали во Радовиш, Крушево, спортската сала „Расадник“, салата на УКИМ, нови спортски сали во Општина Аеродром, Воената академија, се градат атлетските патеки во Велес и Гевгелија, трибините на Градскиот стадион во Тетово и девет базени низ државата.

Реализацијата на овие проекти се доказ дека спортот конечно добива вистинска поддршка. Додека СДСМ и ДУИ со години зборуваа за спортот само во предизборни кампањи, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи и испорачува конкретни резултати.

Истовремено, воведен е потранспарентен систем за распределба на средствата, со јасни критериуми, со што државната поддршка конечно завршува таму каде што треба, кај спортистите, клубовите и федерациите.

Разликата е очигледна. Наместо запоставување на спортот, денес има инвестиции и конкретни дела.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со уште посилно темпо, затоа што младите тоа го заслужуваат.

Спортот е еден од клучните приоритети на Владата на ВМРО- ДПМНЕ затоа се градат спортски објекти, се поддржуваат спортистите и се создаваат услови за нови победи. Тоа е разликата што граѓаните ја гледаат и ја чувствуваат.

Ad
Ad