Connect with us

Регион

Бериша: ИДЦ-ЦДИ ќе формира работна група за обвинувањата против албанската влада и нарко – картелите

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Сали Бериша изјави дека меѓународната централно-десничарска организација ИДЦ-ЦДИ ќе формира работна група за собирање факти за она што тој го нарекува „албанска нарко-држава и врските помеѓу албанската влада и нарко-картелите“.

Тој додаде дека неговиот предлог бил едногласно бил усвоен за време на Генералното собрание на ИДЦ-ЦДИ , што се одржало вчера во Брисел.

– Ќе се формира работна група, која ќе се фокусира на организираниот криминал и трговијата со дрога во Албанија. Ќе собира факти за нарко-државата и директните врски на албанската влада со нарко-картелите и криминалот, изјави Бериша, кој е потпретседател на ИДЦ-ЦДИ .

Тој нагласи дека во обраќањето на Генералното собрание, ја обвинил албанската влада за врски со криминални групи и нивното влијание врз економијата и политиката, споменувајќи го и прашањето за „нарко-еврото“.

Тој рече дека „премиерот Еди Рама се однесува кон земјата како кон лична сопственост и дека донесува еднострани одлуки за користење на територијата“.

Бериша, исто така, предложи организирање меѓународна конференција за трговијата со дрога и ситуацијата во Албанија, со цел да се зголеми вниманието на европските институции кон овие прашања.

ИДЦ-ЦДИ е најголемата меѓународна политичка организација што ги обединува партиите од центарот и централно-десничарските партии во нивната посветеност на промовирање и одбрана на демократијата, човековите права и владеењето на правото. Формирана е во 1960 година, а обновена е во 2021 година.

Ad
Ad