Connect with us

Вести

Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда

Денеска во Министерството за правда беше извршено примопредавање на министерската функција, при што новоименуваниот министер за правда, Јетон Шасивари, ја презеде должноста од досегашниот министер Игор Филков.

Министерот Шасивари  истакна дека ќе работи посветено, одговорно и транспарентно, со фокус на унапредување на владеењето на правото, зајакнување на независноста , ефикасноста на правосудниот систем,враќање на довербата на граѓаните во правосудството како и продолжување на реформските процеси во согласност со стратешките определби на Владата и европската агенда на државата.

„Министерството за правда ќе остане отворена и професионална институција, посветена на интересите на граѓаните, владеењето на правото и обезбедувањето ефикасен, праведен и достапен правосуден систем“, порача министерот за правда Јетон Шасивари.

Ad
Ad