Политика
Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат намера да се договорат за нов Изборен законик
Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски.
Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик.
Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. Ова е само провидна игра на опозицијата со која единствената цел е да не се олесни гласањето на дијаспората и да не се донесе нов Изборен законик.
СДС, Левица и ДУИ не сакаат нов Изборен законик, затоа што тоа го спремаат за алиби во пресрет на следниот изборен циклус.
Отприлика тоа би изгледало вака, едните ќе се жалат дека не се внесени препораките на ОБСЕ и ОДИХР во новиот Изборен законик, другите ќе се жалат дека немаат повеќе пари за рекламирање, а третите ќе се жалат дека немало да се почитува волјата на граѓаните. Ова е приказната која уште сега ја кажуваме, а ќе се оствари на следните избори токму од коалицијата на СДС, Левица и ДУИ.
Нов Изборен законик нема, а за тоа директно е виновна коалицијата на СДС, Левица и ДУИ.
јули 14, 2026


