Connect with us

Вести

Агон Ферати нов министер за односи меѓу заедниците

Собранието го избра Агон Ферати за нов министер за односи меѓу заедниците, како кадар предложен од коалицијата ВРЕДИ, во рамки на реконструкцијата на Владата.

Ферати е магистер по бизнис администрација на Универзитетот на Југоисточна Европа, а има завршено и специјализација за одржливи, отпорни и инклузивни јавни услуги на Универзитетот во Лунд, Шведска.

Како работно искуство во неговата биографија Ферати наведува дека од 2012 година до денес ја врши функцијата советник за управување со проекти финансирани од ЕУ во Одделот за локален економски развој во Општина Тетово и од 2023 до 2024 година работел како експерт за ЕУ Поглавје 8 – Политика на конкуренција во УНОПС – Австрија во канцеларијата во Скопје.

Во неговата биографија, Ферати наведува дека зборува англиски јазик.

Ad
Ad