Connect with us

Фудбал

Фабијани: Сакам да видам организиран Вардар

Тренерот на ФК Вардр, Кристијан Фабијани, пред реваншот со финскиот КуПС (утре од 17 часот) од квалификациите за Лигата на шампионите посака неговиот тим да биде организиран, боорбен и дисциплиниран.

„Важно ми е на овој натпревар да го смениме менталитетот. На првиот меч до голот игравме добро, но примивме гол во најлош можен момент пред крајот на полувремето. Најголема предност на КуПС е што се во натпреварувачки ритам, имаат повеќе мечеви од нас и тоа го гледам како плус за нив. Ние нема очајнички да влеземе во овој натпревар и безглаво да бркаме резултат. Сакам да видам еден организиран Вардар на теренот кој ќе се бори за секоја топка и педа на теренот. Сакам ред и дисциплина, сѐ да биде плански и постепено. Ќе ги немаме во тимот Торес и Босанчиќ, но на тоа не смееме да гледаме како хендикеп, туку целиот тим очекувам да се бори да ги надополни нив. Сите играчи кои се во ростерот мора да сфатат дека нема прва и втора екипа, туку секој што ќе добие шанса, да даде максимум затоа што го носи дресот на Вардар“, рече аргентинскиот стручњак.

Ad
Ad