Connect with us

Регион

Рама потврди дека следниот самит на НАТО ќе се одржи во Тирана

Албанскиот премиер Еди Рама на крајот од самитот на НАТО во Анкара потврди дека следниот самит ќе се одржи во Тирана.

“Како велеа, самитот нема да се одржи во Албанија. Но, времето кога она што другите го сакаа се правеше со Албанија е минато, сега Албанија прави што вели и кажува што прави, па затоа следниот самит ќе биде во Тирана“, вели Рама во куса видео порака од Анкара, заедно со членовите на делегацијата.

Албанската државна агенција АТА, објави дека Генералниот секретар на Алијансата Марк Руше, изјавил дека Тирана е следниот домаќин на Самитот на НАТО.

-Следниот самит на НАТО ќе биде во Албанија. Ова е одлуката во Хаг, но и во Анкара. Значи, ние ќе одлучиме и за точното време кога ќе се одржи“, изјавил Руте на новинарско прашање.

Според агенцијата оваа одлука ја потврдува стратешката улога на Албанија како сигурен и важен партнер на Западен Балкан и во Северноатлантската алијанса.

Потсетува дека одржувањето на Самитот на НАТО во Тирана било доведено во прашање поради неисполнувањето на Албанија на обврската за вложување средства во одбраната.

Ad
Ad