Connect with us

Регион

Министрите за одбрана на Турција, Романија и Бугарија потпишаа амандман на меморандумот за безбедност на Црното Море

Турскиот министер за национална одбрана Јашар Ѓулер, денеска, на маргините на самитот на НАТО во Анкара, имаше одделни средби со романскиот и бугарскиот колега, Раду-Динел Мирута и Димитар Стојанов.

Според соопштението од турското Министерство за национална одбрана, средбите се одржале во претседателскиот комплекс по што тројцата министри за одбрана потпишаа амандман на меморандумот за разбирање за формирање на работната група за контрамерки против мини во Црното Море (MCM Black Sea).

Амандманот го проширува мандатот на работната група за да ја вклучи и заштитата на критичната подводна инфраструктура на трите земји во Црното Море, соопшти Министерството. 

Ad
Ad