Connect with us

Регион

Флотата на албанската полиција подновена со мотоцикли набавени од конфискуван имот

Албанската полиција се поднови со неколку десетина мотоцикли, набавени од конфискуван имот, стекнат од криминални активности.

На попладневната церемонија на предавањето, министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, рече дека  мотоциклите ќе ги користат сообраќајната полиција и специјалните полициски сили „Шќипоња“.

– Овие мотоцикли не се набавени со пари на даночниците, туку од конфискуван имот стекнат од криминални активности, преку Агенцијата за одземен имот. Оваа инвестиција е конкретен доказ за начинот на кој државата ги враќа средствата стекнати од криминал во општеството, рече меѓу другото Ламалари.

Потоа министерот им се обрати на службениците на државната полиција, заблагодарувајќи им се за професионализмот и воздржаноста покажани за време на протестите кои се одржуваат во Тирана повеќе од еден месец.

На крајот од своето обраќање ја изрази целосната поддршка на Министерството за внатрешни работи и Владата за службениците на државната полиција.

Ad
Ad