Политика
Манасиевски: Венко Заев поради страв, Апасиев за повеќе пари, СДС и Левица го блокираат Изборниот законик на штета на дијаспората и реформите
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
Коалицијата на СДС и Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, во кој се вметнати забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и барањата на двете политички партии кои со месеци беа усогласувани на работните средби за ИЗ.
Венко Заев и СДС се спротивставуваат на решението македонската дијаспора да гласа во што поголем број. Како ВМРО-ДПМНЕ предложивме тоа да биде по електронски пат или пак по пошта. Овој предлог беше одбиен од страна на Венко Заев и СДС затоа што кај нив владее страв за тоа дека граѓаните кои ја напуштија државата во периодот на нивното владеење, нема да ја поддржат нивната политика, а со тоа ќе доживеат уште поголем пораз на следните претседателски избори.
Од друга страна пак, Апасиев и Левица, и покрај тоа што добија прифаќање на своите предлози во делот на финансирањето на изборните кампањи, тие не го потпишуваат договорот кој беше граден со месеци, меѓу сите политички партии, за да се претстават пред јавноста како партија со која нема преговори. Жално е што на ваков начин се обидуваат да добијат политички поен повеќе.
Едноцифрените рејтинзи на СДС, но и на Левица ги доведуваат до стадиум на избезумување и спроведување на политики со негативни последици по двете партии.
Почитувани граѓани, со ваквата блокада се доведува во прашање исполнувањето на реформските обврски на државата. Токму затоа и Европската Унија повика на консензус и на навремено донесување на Изборниот законик.ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Изборниот законик треба да биде донесен со широк политички консензус, во интерес на државата, реформите и обезбедувањето на можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас по електронски пат.
јули 6, 2026

