Connect with us

Вести

Мицкоски лидер со најголема доверба, ВМРО-ДПМНЕ ужива доверба од 49,7%, СДСМ само 14,9%

ВМРО-ДПМНЕ ужива поддршка од 49,7 проценти кај граѓаните кои се определиле за која партија би гласале на следните избори, покажува најновата анкета спроведена за порталот МКД.мк.

Според резултатите, кај испитаниците кои навеле конкретна партија (497 испитаници), ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 49,7 проценти, пред СДСМ со 14,9 проценти. Следуваат ДУИ со 12,1 процент, ВЛЕН со 10,7 проценти, Левица со седум проценти, ЗНАМ со 3,6 проценти, додека другите партии заедно освојуваат два процента.

Кога се земаат предвид сите анкетирани (1.200 испитаници), ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 20,5 проценти, СДСМ 6,2 проценти, ДУИ пет проценти, ВЛЕН 4,4 проценти, Левица 2,9 проценти и ЗНАМ 1,5 проценти. Воедно, 28,1 процент од испитаниците изјавиле дека нема да гласаат, 11,8 проценти не знаат дали ќе гласаат, а 11,3 проценти не сакале да откријат за кого би гласале.

Анкетата покажува дека претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ужива најголема доверба меѓу лидерите на политичките партии со 23,3 проценти. По него следуваат Али Ахмети со 5,5 проценти, Венко Филипче со 5,1 процент, Изет Меџити со 4,1 процент и Димитар Апасиев со четири проценти.

Поддршка од 2,5 проценти имаат Билал Касами и Максим Димитриевски, додека Арбен Таравари има еден процент, а Беким Сали 0,4 проценти. Истовремено, 42,2 проценти од испитаниците изјавиле дека немаат доверба во ниту еден политички лидер.

Во делот посветен на правосудството, 21,3 проценти од анкетираните навеле дека се многу или малку задоволни од работата на Јавното обвинителство, додека 53,5 проценти изразиле незадоволство. Четвртина од испитаниците, односно 25,2 проценти, рекле дека не можат да ја оценат работата на институцијата.

На прашањето за работата на јавниот обвинител, 35,1 процент сметаат дека нема разлика од претходниот, 12,8 проценти дека работи многу подобро, а 14,7 проценти дека работи многу полошо. Дури 37,4 проценти од испитаниците не можеле да дадат оценка.

Анкетата покажува и висока поддршка за европската интеграција на државата. На прашањето дали се за влез на Македонија во Европската Унија со статус на земја набљудувач, односно членка на ЕУ без право на вето, позитивно одговориле 80,3 проценти од анкетираните. Против се изјасниле 8,4 проценти, додека 11,3 проценти одговориле дека не знаат.

Ad
Ad