Фудбал
СП 2026: Според шпанскиот селектор големите тимови се појавуваат кога е потребно
Репрезентацијата на Шпанија успеа со сигурна игра да стигне до осминафиналето откако ја совлада Австрија со 3:0. Задоволството во таборот на „црвената фурија“ е големо особено што тимот влегува во посакуваната форма.
– Големите тимови се појавуваат кога е потребно нивното присуство … Мислам дека денес видовме одлична игра. Среќен сум бидејќи во сите аспекти бевме речиси совршени – но мора да продолжиме да се подобруваме. Секој натпревар сега ќе биде многу тежок. Секогаш можете да се подобрите, а покрај тоа, тоа е она што го бара овој тим. Овие играчи секогаш сакаат повеќе и повеќе. [Ојарзабал] го покажа фудбалскиот потенцијал што го има – а и останатите негови соиграчи исто. Тие одиграа извонреден натпревар, изјави шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте.
Во осминафиналето Шпанија за противник ќе ја има Португалија, а натпреварот се игра на 6.јули во Далас.
јули 4, 2026


