Фудбал
Зомер и Ачерби заминуваат од Интер
Голманот Јан Зомер и дефанзивецот Франческо Ачерби ова лето ќе ги напуштат редовите на Интер, објавија денеска италијанскиот првак.
Триесетиседумгодишниот Зомер пристигна во Милано во јули 2023 година по позајмица во Баерн Минхен, и оттогаш „остави неизбришлив белег во историјата на Интер“, се вели во соопштението на актуелниот италијански шампион.
Зомер во дресот на Интер одигра 139 натпревари, вклучувајќи го и финалето во Лигата на шампиони во 2025 година, на 66 натпревари не прими гол и освои две титули во италијанското првенство, како и Купот на Италија и Суперкупот на Италија.
На голот ќе го замени 28-годишниот Шпанец Хозеп Мартинез. Поранешниот голман на Лајпциг (2020/2022) и Џенова (2022/2024) беше резерва во последните две сезони, а минатата сезона одигра само единаесет натпревари.
Ачерби (38), пак, дојде во Интер во 2022 година и освои шест трофеи во своите четири сезони во клубот од Милано.
јули 1, 2026


