Connect with us

Вести

Литванскиот министер за надворешни работи Будрис во официјална посета на Македонија

 На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во официјална посета на Република Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис (Kęstutis Budrys), соопшти МНРиНТ.

Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Литванија, соработката во рамките на НАТО, како и литванската поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.

Во рамките на посетата, министерот Будрис ќе оствари тет-а-тет средба со својот домаќин, министерот Муцунски, по што ќе следи заедничка прес-конференција. 

Ad
Ad