Connect with us

Вести

До последен момент ќе се бориме за вистината: Порака од „Маршот на ангелите“ во Кочани

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите.

Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието да се оддалечи од суштината, не ги обесхрабрило, туку им е дополнителна мотивација уште погласно да ја бараат правдата.

Родителите на починатите во кочанската трагедија денеска на 46. Марш за ангелите реагираа и на привременото отстранување од постапката на обвинителката Наташа Сарамандова, што се случи на последното рочиште на барање на адвокати на обвинетите.

Настанот е симбол на сеќавање, љубов.

Ad
Ad