Connect with us

Политика

Мицевски: Сите реформски закони кои ги бара Европската Комисија од нас, а значат напредок за државата ќе ги донесеме, иако СДС и ДУИ опструираат

На вечерашната собраниска седница се обрати пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој изјави дека парламентарното мнозинство ќе продолжи со донесување на реформските закони што, според него, се барани од Европската комисија и се важни за напредокот на државата, и покрај, како што рече, опструкциите од СДС и ДУИ.

Мицевски истакна дека Владата и парламентарното мнозинство нема да дозволат реформскиот процес да биде закочен и дека ќе продолжат со работа се  додека не бидат усвоени законите кои се дел од реформската агенда.

„Еве сега пред сите ви порачуваме дека она што значи реформа на државата, а што не успеавте 7 години да го наравите вие, нема да дозволиме да се закочи ниту оваа вечер, ќе продолжиме да работиме и сите реформски закони кои ги бара Европската комисија од нас и коишто значат напредок на државата а коишто не ги направивте вие ќе бидат направени од ова парламентарно мнозинство и затоа сите сме тука да продолжиме да ги спротивставиме аргументите, се надевам дека ќе прекинете со опструкцијата на комисиите кои беа закажани а  коишто организирано ги правевте и СДС и ДУИ на комисиите затоа што и министрите коишто се одговорни за тие работи вечерва се тука, меѓутоа не знам од која причина, вие најдобро знаете зошто ги кочите истите да се донесат и да се организираат, но тоа е ваше право“, рече Мицевски.

Во своето обраќање тој оцени дека граѓаните на последните избори ја дале својата оценка за седумгодишното владеење на СДС, додавајќи дека парламентарното мнозинство ќе продолжи да работи без оглед на опструкциите од страна на опозицијата.

„За ваквиот ваш однос 7 години граѓаните ви ја испорачаа фактурата продолжете така да се однесувате ние сме тука ќе продолжиме да работиме и реформските закони во рокот до 30 јули којшто е одреден како датум којшто ни е даден последен за дел од реформските закони се надевам дека ќе успееме да го донесеме. Со ваши опструкции или без ние сме тука да работиме до последниот термин, вели Мицевски.

Ad
Ad