Connect with us

Фудбал

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата

Репрезентацијата на Холандија ја постигна и втората победа на Светското првенство откако ноќеска го совлада Тунис со 3:1, додека во вториот дуел од групата Јапонија и Шведска одиграа 1:1.

Холандија дојде до брзо водство против Тунис откако Елиас Скхири во 3.минута постигна автогол, а Брајан Броби во 7.минута зголеми на 2:0. На почетокот на вториот дел Хазем Мастури намали на 2:1, а конечниот резултат го постави Јан Пол ван Хеке во 62.минута.

На дуелот во Далас, Јапонија дојде во водство преку Даизен Маеда во 54.минута, а изедначи Ентони Еланга во 62.минута.

Холандија е прва со 7 бодови во групата Ф, додека Јапонија освои 5 и двете селекции изборија пласман во следната рунда, а Шведска со 4 бодови ќе ја чека разврската во другите групи. Тунис е последен без бод.

Ad
Ad