Connect with us

Вести

На Урологија презентирана нова метода за откривање микроскопски траги од тумор во крвта и кога КТ и МР не покажуваат промени

Нова метода ctDNA (циркулирачка туморска ДНК) – современ пристап кој овозможува откривање на микроскопски траги од тумор во крвта и кога компјутеризираната томографија и магнетната резонанца не покажуваат промени, е презентирана вчера на Универзитетската клиника за урологија, објавија на Фејсбук од таа јавна здравствена установа.

Особено значајни резултати, како што се наведува, се покажуваат кај пациентите со карцином на мочниот меур, каде што раното откривање на ризикот од рецидив може да придонесе за подобар исход од лекувањето.

Тестот не поставува дијагноза сам по себе, но претставува важна алатка за попрецизно и персонализирано следење на пациентите. Иднината на онкологијата е во персонализираната медицина – вистински третман за вистинскиот пациент во вистинско време, стои во објавата на Клиниката.

Ad
Ad