Connect with us

Економија

Димовски: За две години реализирани нови инвестициски циклуси во вредност од 300 милиони евра кои ќе отворат над 3000 работни места

Во изминативе две години покажавме дека економскиот развој не е само статистика и бројки. Тој значи висока додадена вредност, нови квалитетни инвестиции, нови високо платени работни места, нови можности за младите, повисоки приходи за граѓаните, поголема транспаретност и поголема доверба во институциите. Во текот на овие две години беа започнати и реализирани нови инвестициски циклуси во вредност од 300 милиони евра кои ќе отворат над 3000 работни места и кои значително ќе го зголемат извозот од државата. Ова претставува потврда дека довербата во државата, во инстутициите и во економските политики расте – истакна денеска на прес-конференција директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Гоце Димовски. 

На прес-конференцијата во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија тој нагласи дека дополнително три мултинационални компании веќе имаат донесено интерна одлука за нови инвестиции во рамките на ТИР зоните. – Согласно нивните бизнис планови се очекува вкупната вредност на овие инвестиции (вклучувајќи ги сите фази заедно) да достигне 200 милиони евра и кои треба да креираат нови 1500 работни места. 

– Особено е важно што инвестициите за кои денес зборуваме се со висока додадена вредност, со современи технологии и со бројни можности за развој. Нашата цел не е само да привлечеме капитал, туку да создадеме долгорочен економски развој кој ќе биде одржлив и ќе придонесува за повисок животен стандард – рече Димовски.

Според него, компаниите во зоните во 2025 година имале извоз поголем за 8% споредено со извозот во 2024 година. Исто така во периодот јануари-мај 2026 година извозот од ТИР зоните е зголемен за 9,2 % во однос на истиот период од 2025 година одосно е зголемен за 11, 3% во однос на истиот период од 2024 година и воедно претставува највисоко остварување на извоз од ТИР зоните за анализираниот период. 

Компаниите од зоните во 2025 година извршиле уплати во Буџетот на државата во износ над 6,3 милијарди денари, што претставува раст од 10,2% во однос на 2024 година. Димовски истакна дека продолжува и трендот на раст на платите во зоните. Па така просечната нето плата во 2025 година достигнала 45.761 денар, што претставува зголемување од 4,3% во однос на 2024 година.

– Дополнително најновите податоци за април 2026 покажуваат просечна нето плата од над 50.000 денари, со што има раст од 7,3% во споредба со април 2025 односно има раст од 17,6% во споредба со април 2024 година – рече Димовски. 

Во рамки на зоните реализирани се и капитални инвестиции во вредност од повеќе од осум милиони евра. 

Димовски нагласи дека презентираните резултати не се работа само на една институција туку на заедничка работа, координација и партнерство помеѓу Владата, институциите, локалната самоуправа, стопанските комори, инвеститорите и соработниците

Ad
Ad