Connect with us

Регион

За седум месеци две компании од Србија се под санкции за извоз во САД поради сомневања за принудна работа

Од декември лани досега веќе две компании во Србија се под санкции за извоз во САД поради сомневања за принудно работење во рамки на фирмите.
 
Компанијата Србија „Зиѓин Копер“ синоќа објави дека е свесна за одлуката на Царинската и гранична заштита на САД (CBP) за задржување на увезена стока, додавајќи дека се спротивставува на сите форми на принудна работа и дека ја сфаќа ситуацијата многу сериозно. Компанијата останува посветена на почитување на важечките закони, вклучително и оние на САД како и меѓународно признатите стандарди за труд и човекови права поврзани со спречување на принудна работа, се вели во соопштението на кинеската компанија. 

Компанијата спроведува сеопфатен преглед и секоја проценка поврзана со прашањата за труд и човекови права, вклучително и онаа што ја спроведува во моментов, треба да се базира на објективни, доволни, транспарентни и проверливи факти, земајќи ги предвид сите релевантни информации.
Во соопштението, Зиѓин го поздравува независното, објективно, базирано на факти следење и вели дека останува посветена на одржување на отворен, конструктивен и колаборативен дијалог со сите релевантни страни.

Фотографии, изјави на работници, снимки од екранот од текстуални пораки, извештаи од терен и други докази, како што наведува Царинската управа на САД, со право укажуваат на принудна работа во Зиѓин, во српскиот град Бор. Од таа американска институција додаваат дека утврдиле цела низа елементи што укажуваат на принудна работа во комплексот на таа кинеска компанија во Србија за рударење и преработка на бакар, што била причина за забрана на увозот на нивните производи во САД.

„Тие докази покажаа дека работниците во Србија Зиѓин биле изложени на шест индикатори за принудна работа на Меѓународната организација на трудот: злоупотреба на ранливост, ускратување плати, заплашување и закани, ограничување на движење, задржување лични документи и прекумерна и прекувремена работа“, соопшти Царинската служба на САД.

САД повторно воведоа забрана за увоз на кинески производи од Србија за само неколку месеци, поради сомневања дека при нивното создавање била користена принудна работа. Во декември лани, беше ставена забрана за гуми од „Линглонг“, а од завчера американската царина забрани и бакар од компанијата „Србија Зиѓин“. Од лани декември е забранет увозот на гуми од Линглонгбидејќи според властите во САД, постојат докази дека во областа на Зрењанин е применет нехуман третман кон работниците.

Невладините организации што се занимаваат со заштита на работничките права велат – ова е аларм што Србија не смее да го игнорира.

Работниците се пожалија дека работат 12 часа на ден, иако договорот одредува работно време од осум часа, а прекувремената работа не е евидентирана.
Поплаките се однесуваа и на здравственото и социјалното осигурување.
Како што тврдат, работниците се одговорни за своите здравствени потреби и од нив се очекува сами да платат за својата медицинска нега и повреди поврзани со работата.

Во извештајот, исто така, се наведува дека истражувачите на „China Labor Watch“ отпатувале во Бор во 2024 година и ги потврдиле тврдењата дека рударските работници биле ограничени во нивното движење.

Во извештајот се истакнува и дека положбата на кинеските работници во Србија е тешка делумно поради спроведувањето на билатералниот договор меѓу Кина и Србија од 2018 година во кој законите во Србија се привремено суспендирани за кинеските граѓани во текот на првите пет години од нивниот престој во Србија.

Според Договорот за социјално осигурување меѓу Владата на Србија и Кина од 2018 година, кинеските компании што работат во Србија можат да донесат работници од таа земја и да не подлежат на српските закони во текот на „шеесет календарски месеци“.

Во извештајот на CLW се наведува дека „инспекторатот за труд (во Србија) не е овластен да ги разгледува договорите на кинеските работници или да утврдува дали им е платено за труд“. 

Според Републичкиот завод за статистика, во 2025 година, Србија извезла најмногу бакар во земјите од Европската Унија, Кина и Турција, а вредноста на извозот во овие земји се мери во стотици милиони долари.
Вредноста на извозот на бакар во САД во 2025 година изнесувала околу 13 милиони долари.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, за време на неодамнешната државна посета на Пекинг, најави нови кинески инвестиции и понатамошно зајакнување на односите меѓу двете земји.

Србија и Кина ја интензивираат економската соработка и соработката во инфраструктурни проекти, но во последно време и воена, преку купување кинеско оружје. 

Ad
Ad