Политика
ВМРО-ДПМНЕ во среда одбележува 36 години од основањето
ВМРО-ДПМНЕ во среда ќе одбележи 36 години од своето основање. Од партијата најавија голем народен собир во Струмица, каде што ќе биде одбележан јубилејот под мотото „Македонија забрзува. Наша обврска“.
Од партијата велат дека годишнината е потсетник на историскиот пат на ВМРО-ДПМНЕ, но и можност да се испратат пораки за идниот развој на државата, економскиот напредок и европската перспектива на Македонија.
јуни 15, 2026


