Регион
Во Белград средба Вучиќ – Герапетритис
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска разговараше во Белград со грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис за понатамошно зајакнување на односите меѓу двете земји, европската перспектива на регионот, зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан, како и за предизвиците во сложените геополитички околности .
Во објава на Инстаграм, Вучиќ наведе дека посветиле посебно внимание на понатамошното подобрување на соработката во областите на енергетиката, инфраструктурата, трговијата, инвестициите и поврзувањето на двете земји, со верување дека постојат големи потенцијали за уште посилно стратешко партнерство меѓу Србија и Грција.
Тој додаде дека ја повторил својата благодарност до Грција за нејзината континуирана поддршка на европскиот пат на Србија и разбирањето на позициите на земјата кога станува збор за најважните државни и национални прашања.
„Срдечен и суштински разговор за понатамошно зајакнување на односите меѓу Србија и Грција, европската перспектива на регионот, зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан, како и за предизвиците со кои се соочуваме во сложени геополитички околности“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
јуни 13, 2026


