Регион
Забрането капење во Пефкохори, истекла канализација
Општина Касандра воведе привремена забрана за капење на локацијата Акротири во населбата Пефкохори поради истекување канализација предизвикано од пукање цевковод.
Како што пренесе „Прототема“, општинските служби веднаш реагирале и почнале со санација, а истекувањето набргу било запрено по што биле спроведени активности за чистење и дезинфекција на подрачјето. Надлежните служби, вклучувајќи ги и дирекцијата за јавно здравје и Центарот за унапредување на животната средина на регионалната единица Халкидик, се известени со цел спроведување земање примероци и лабораториски анализи.
Со одлука на заменик-гувернерот на Халкидик, забраната за капење е воведена во зона од 200 метри од двете страни на местото на истекувањето и ќе остане во сила сè до завршување на испитувањата на квалитетот на водата и процената на резултатите.
Општина Касандра наведе дека се преземени сите неопходни мерки и оти ситуацијата континуирано се следи во соработка со надлежните служби.
јуни 13, 2026


