Connect with us

Свет

Унгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од своите плати

Унгарските пратеници се согласија со 40-процентно намалување на нивните плати, со цел да се намали притисокот врз јавните финансии и да се покаже политичка одговорност.

Одлуката беше донесена со акламација, односно за неа гласаа сите 189 присутни пратеници на седницата на парламентот.

Од следниот месец основната бруто-плата на унгарските народни избраници ќе изнесува 3.690 евра. Според владејачкото мнозинство, заштедите од мерката ќе ги покријат годишните трошоци за функционирање на парламентот.

Со мерката се укинува и надоместокот за мобилни телефони, а се намалуваат и парламентарните додатоци за канцеларии, станови и персонал.

Новоизбраниот премиер Петер Маѓар ја поврза реформата со мерките за фискална дисциплина и борба против корупцијата во Унгарија.

Според Ференц Биро, раководител на независен антикорупциски орган, за време на 16-годишното владеење на Виктор Орбан корупцијата ја чинела Унгарија најмалку 186 милијарди евра.

Ad
Ad