Свет
Воена вежба на турската морнарица во Црно, Мраморно, Егејско и Средоземно море
Турската воена морнарица одржува голема воена вежба во Црно, Мраморно, Егејско и Средоземно Море. Маневрите почнаа вчера и ќе траат до 14 јуни.
Во воената вежба „Морски волк 2/2026“ учествуваат 125 бродови, 18.000 војници, дронови, хеликоптери и противбродски вооружени системи.
Началникот на оперативното одделение на турската морнарица, контраадмирал Алпер Догуканли истакна дека цел на вежбата е да се проценат оперативните, командните и контролните способности на турските поморски единици, да се зголеми нивната борбена готовност и да се подобрат нивните вештини за донесување одлуки во средина со повеќе закани.
јуни 6, 2026

