Connect with us

Свет

Џон Хили: Велика Британија се соочува со најопасниот период во последните децении

Обединетото Кралство се наоѓа во „најопасниот период“ во изминатите неколку децении и земјата мора итно да се подготви за потенцијални „масовни и долготрајни конфликти“ – предупреди денеска британскиот министер за одбрана, Џон Хили.

Тој соопшти дека долгоочекуваниот план за инвестиции во одбраната (ДИП), најверојатно, ќе биде објавен пред претстојниот самит на НАТО, што ќе почне на 7 јули во Анкара, Турција.

Хили пред пратениците во британскиот Парламент истакна дека премиерот Кир Стармер се надева на брзо обелоденување на деталите од планот, чие објавување претходно беше одложувано во неколку наврати поради несогласувања меѓу министерствата за одбрана и за финансии. Според Хили, додека во изминатите дваесет години фокусот бил ставен на пократки и ограничени војни, денешната реалност наметнува подготвеност за долготрајни конфликти од големи размери, слични на оној во Украина.

Во врска со ова прашање се изјасни и главниот командант на военото воздухопловство, Ричард Најтон, кој посочи дека Русија интензивно ги тестира британските одбранбени сили преку кибернапади, шпионажа, саботажи и преку обиди за убиства. Најтон додаде дека ова е најопасниот момент во неговата професионална кариера, што бара општеството да ги препознае заканите и да одреди поинакви приоритети притоа потенцирајќи дека Велика Британија мора да инвестира многу повеќе во развојот на дронови и на автономни воени системи.

Ad
Ad