Свет
Шведска заплени брод поради илегален извоз на украинско жито
Шведскиот суд денеска нареди заплена на товарниот брод „Кафа“ (Caffa) под сомнение за илегален извоз на украинско жито на територија под руска икупација.
Бродот „Кафа“ е под санкции, а неговата заплена е на барање на украинскиот главен обвинител Русалн Кравченко.
- Тоа е прв случај, на барање на украинското обвинителство странски суд да одобри заплена на брод за кој постои сомневање дека учествувач во илегален извоз на украинска роба на привремено окупирани територии, истакна Кравченко.
Шведската крајбрежна стража го пресретна бродот „Кафа“ во Балтичкото Море во март. Иако пловел под знамето на Гвинеја, шведските власти го сметале за брод без државјанство „според националното и меѓународното право“.
Според Кравченко бродот постојано влегувала и излегувала од територијата под руска окупација во Украина, кршејќи го законот. За да ги прикрие своите движења, бродот користела лажна регистрација и бил регистриран во меѓународните бази на податоци под ознаката „Лажна Гвинеја“.
Украина тврди дека Русија систематски отуѓува жито од територијата под нејзина окупација и го организира неговиот извоз преку мрежи поврзани со окупаторската администрација. Киев наведува дека таквите операции ги кршат не само меѓународните норми, туку и домашните закони на земјите што примаат таков товар.
Според украинските власти од јануари до април годинава 25 руски бродови 50 пати сообраќале од окупираните украински пристаништа до трети земји, носејќи претежно нелегални пратки жито.
Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха во тој период повеќе од 850.000 тони жито биле извезени од окупираните територии на Украина.
јуни 5, 2026

