Connect with us

Свет

Ким Џонг-ун повика на значително проширување на севернокорејскиот нуклеарен арсенал

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, повика на значително зајакнување на нуклеарниот арсенал на земјата, вклучително и на „експоненцијално“ зголемување на производството нуклеарен материјал за оружје, објавија денеска државните медиуми во Пјонгјанг.

За време на посетата на нов производствен капацитет за нуклеарен материјал, претседателот Ким изјавил дека во последните пет години повеќе од двојно е зголемен капацитетот на земјата за производство на нуклеарен материјал за воени цели и оти треба дополнително брзо да расте.

Инфомрациите ги објави националната агенција КЦНА, а засега нема потврда од независки извори.

Северна Кореја веќе две децении е под санкции на Обединетите нации поради својата нуклеарна програма. Пјонгјанг тврди дека нуклеарниот арсенал е неопходен за одбрана од надворешни закани.

За САД, Јужна Кореја и Јапонија нуклеарната програма на Северна Кореја претставува директна закана за регионалната и меѓународната безбедност.

Ad
Ad