Connect with us

Свет

Украинското биро за борба против корупцијата ги претресува просториите на Централната банка на Украина и домот на гувернерот

Украинското национално биро за борба против корупцијата денеска објави дека спроведува претрес во просториите на Централната банка на Украина и во живеалиштето на еден од нејзините вработени.

Се додава дека во моментов никој не е приведен и дека деталите за случајот ќе бидат објавени подоцна, објави Укринформ.

Истражните дејствија се спроведуваат во согласност со важечкото законодавство. Другите детали не се објавуваат со цел да се зачува тајноста на преткривичната постапка“, објави бирото.

Украинските медиуми, повикувајќи се на извори во политичките кругови, објавија дека претресот се спроведува во куќата на првиот човек на Националната банка на Украина, гувернерот Андриј Пишни.

Ad
Ad